Еве кои се вистинските херои од Кочани нека Бог ги благослови сите!

Еве кои се вистинските херои од Кочани нека Бог ги благослови сите!

За вистинските херои од Кочани – нешто што нема да го прочитате и видете на друго место, а никој не ги спомнува👇🏻

❤️-За мајката на која и пукна водењакот кога дозна дека сопругот е почина и се поради два дена подоцна

❤️– За шоферите на Брзата помош од кој едниот заврши на Кардиологија, а другиот во Јесеново

❤️-За полицајците кои ваделе свои повредени колеги и деца починати и повредени на колеги. За полицајците кои во болницата миеле повредени и менувале инфузии и преврзувале

❤️-За командирот на пожарната во Кочани кој е во болница

❤️-За дечките од Црвениот крст, пред се од Кочани

❤️-За матичните лекари и медицински сестри од кочанско и виничко

❤️– За доброволните пожарникари од Кочани кои од џеб даваат пари за да имаат гориво за возилата и нивна регистрација, како и плаќаат данок на државата за увоз на протовпожарни камиони

❤️-За кочанските таксисти кои биле ударна сила при транспортот до кочанската болница на многу повредени и за жал починати.

❤️-За цивилите кои со сопствени возила однеле повредени директно за Скопје

❤️-За детето од Македонска Каменица кое извлекло неколку преживеани лица кои сведочат како биле спасени од него

❤️-За Филип, Андреј, Марко, Никола, Давор, Илија, Петар, Игор, Мирче, Давид, Борис… и безброј други дечки кои од дома дошле и извлекле доста лица ризикувајќи си го своите животи, па така сега се по болници.

❤️-За родителите кои го загубија второт свое дете откако пред неколку години во странство и беше убиена и ќерката

❤️-За родителите на чии раце пред болницата на клупа и починаа децата

❤️-За докторките, докторите и медицинските сестри кои сопствените деца ги примиле и виделе кобната вечер повредени и кои за жал се лечат во странство и се во тешка ситуација понатаму.

❤️-За ќерката на обвинителот која истот така се бори за живот

❤️-За неколкуте дечки кои скршиле ѕид од гипс и ослободиле простор помеѓу ходникот и излезната врата, потег со кој спасиле многу🪽