Јавно ветеното од страна на Штипскиот хуманитарец и Пожарникар Александар Горгиевски е реализирано тој и неговиот тим од хуманитарната организација го одржааа зборот !
Александар Горгиевски на својот профил објави:
Крај на уште една хуманитарна акција 25.03.2025 седумгодишниот малолетен син на свирепо убиената Емилија Пешева од Штип од денес има нова детска соба а фамилија Пешеви имаат и комплетно реновирано ново купатило со се ново внатре како што и беше ветено
Сакам да се заблагодарам на секој еден хуман граѓанин што се вклучи во оваа хуманитарна акција пред се на мајсторите и мојот тим од хуманитарната организација без кој ова ќе беше невозможна мисија
Како хуманитрарна организација успеваме на уште една фамилија на уште едно дете со дела не празни зборови да му овозможиме многу подостоинствен и безгрижен живот во иднина !
Емилија Пешева почивај во мир и спокој


