Ице Андонов – тивок херој со тажна приказна!

Ице Андонов – тивок херој со тажна приказна!

Ице Андонов – тивок херој кој бил вработен во дискотеката “Пулс“ и кобната ноќ тој направил големи напори да ја орвори задната врата, кршејќи ја но неговите обиди биле напразни. Влегувал многу пати и излегувал трудејќи да спаси многу животи но за жал го изгубил својот.

Тој го изгубил својот татко пред неколку години и живеел сам со својата мајка и сестра. По трагичната несреќа неговата мајка добила надеж дека неговото дете е префрлено во Бугарија на лекување и отишла да вади пасош за на крај да дознае дека неидентификуваното тело на својот син лежи починато во нашите болници.

Ице Андонов имаше една голема неостварена желба – да ја носи својата кола на саем за коли. Но не дочека. Неговите верни другари и другарки си ветија да му ја остварат таа желба постхумно. Неговата кола моментално е на мајстор и кога ќе биде направена тие ќе се посветат на остварување на неговата голема желба.

Ице Андонов имаше 20 години и големо срце јуначко да спасува други.

Никој нема поголема љубов од оваа: да го положи сопствениот живот за своите пријатели.

Пишува Апостол Јован во Библијата.