Еден богаташ си ја оставил мајка си во старечки дом.
Имал тој огромна куќа, но никој таму немал време за неа.
На нејзе и било подобро во домот,отколку во куќата.
Синот повремено ја посетувал мајка си.
Еден ден му се јавиле од домот веднаш да дојде,бидејќи состојбата на неговата мајка се влошила.
Дошол и ја затекнал мајка му уште жива,можела да зборува.
Тој ја прашал мајка си:
Дали нешто сакаш,мајко?
Таа му рекла : Да,сине.
Сакам во оваа соба да ставиш клима уред и да ја реновираш кујната.
Тој зачудено ја прашал : Но,мајко,зошто порано тоа не ми го побара од мене?
Зошто сега го бараш?!
Мајка му му рекла :
Сине мој,јас се навикнав на ова студенило во собата,па и на храната и гладот.Но,сине мој драг,јас тоа го барам заради тебе.
Кога тебе твоите синови ќе те стават овде,да имаш подобри услови.
ЕДНА МАЈКА МОЖЕ ДА ИЗГЛЕДА СЕДУМ СИНА, НО СЕДУМ СИНА НЕ МОЖАТ ДА ИЗГЛЕДААТ ЕДНА МАЈКА!!!