Ако се однесува лошо со тебе не е во прашање љубов!

Ако се однесува лошо со тебе не е во прашање љубов!

Често наоѓаш изговори дека те сака и дека можеби е твоја грешка.

Можеби е изморен/а, можеби има некои други проблеми…На работа, во друштво, финансиски…

Можеби има и други проблеми но тоа не е оправдување да се однесува лошо со тебе.

Ако често сопругот или сопругата, или во врската, едниот партнер често е обвинет за повеќето проблеми иако се грижи за сите нешта и дава се од себе…тоа не е почит, тоа проблем е.

Ако има повишен тон и зборови во гнев тоа не е љубов, тоа е повредување и болка кон другиот.

Ако се однесува кон тебе лошо иако се трудиш максимално тогаш можеби проблемот се наоѓа во друго нешто. Можеби фокусот е на друго место. Друга личност или други желби. и себични мисли.

Не идеализирајте врска ако работите одат во погрешен правец. Соочете се со реалноста и разговарајте отворено. Подобро е да се отворат сите карти од двете страни отколку секој да си продолжи по својот пат кој не води никаде.

Сатаната сака да ве уништи, но Бог сака да ви помогне. Преземете контрола и барајте решение да успеете во вашата врска. Не сте сами. Бог е со вас.

Не се залажувајте. Реагирајте. Зборувајте. Барајте решение.