Паметниот маж не ја навредува својата жена, не ја омаловажува, не ја потценува, не ја понижува и не ја доведува во ситуација да ѝ стане неподнослив. Паметниот знае да ја вреднува и цени како што се вреднува и цени себеси
Взаемната почит е послушност кон Бог и исполнување на Божјата волја.
Се што е спротивно на тебе е грев и предизвикува страдање кон жената, децата и кон себе си.
Во идеална врска или брак постои взаемна почит, разбирање и љубов. Но за жал со текот на времето таа хармонија се нарушува. Кога мажот ќе почн еда ја омаловажува својата партнерка тој предизвикува страдање кон неа но и кон самиот себе си. Бог рекол дека кога ќе стапат во брак, мажот и жената стануваат едно тело. Ако мажот или жената го повредува својот партнер, страда и тој/таа исто така.
Ако сакате да придонесат кон подобрување на вашиот однос и вашата врска почнете да барате помош од Бога. М
Молете се за вашиот партнер. Покажете трпение и љубов и ако ви згрешиле. Дајте им шанса. Пробајте да разговарате и да допрете до нив. Ако можете со разговор и убав пристап укажете на нивната грешка и колку ве повредиле.
Читајте библија и книги кои ќе ви дадат мудрост и разбирање кои ќе ви помогнат во подобрување на вашата врска и брак.
Не се откажувајте. Имајте силна вера и со Божја помош се може да се смени.
Како Господ никој не е. Предадете се во Негови раце. Не сте сами. Следете го и барајте го Нема да ве остави сами.