Често ние како родители сакаме да им угодиме на нашите деца и да им купиме или дозволиме многу работи кои не сме ги имале кога ние сме биле мали. Но тука е и нашата грешка.
Најпластичен пример е кога им дозволуваме да имаат скапи телефони, таблети, лаптопи и компјутери. И не само што им ги купуваме, туку и тие на нив постојано гледаат различни информации, содржини кои полека но сигурно ги полнат нивните мали и невини глави и души со непотребни или лоши содржини кои можат да бидат погубни за нивното ментално здравје и развој на карактерот.

Децата викаат купи ми, сите имаат…. Но тоа е најголемиот проблем. Што се се прифаќа и што сите го имаат.
Децата поминуваат многу повеќе време гледајќи видеа со забавни и непродуктивни видеа на тик ток кои можат да бидат деструктивни за нивното однесување и навики. Стануваат зависни, нервозни и мрзеливи. Времето кое би требало да го поминат во градење здрави навики, во учење или дружење тие го замениле со видеа од забавен карактер.
Родители, бидете внимателни. Децата само еднаш се деца. Потрудете се да бидете присутни во нивното детство и да ги насочите кон позитивни и креативни навики и однесување. И внимавајте – невработен ум е ѓаволска работилница.
Вработете ги, поучете ги, насочете ги, сакајте ги, чувајте ги. Тие се ваши деца.
Што сеете, тоа ќе жнеете.
Споделете ако се согласувате и сакате да им помогнете на многу родители и деца во нивната борба.