Ако понекогаш ви доаѓаат депресивни мисли, ова ќе ви помогне!

Ако понекогаш ви доаѓаат депресивни мисли, ова ќе ви помогне!

Депресија е состојба на нерасположение и аверзија кон активност која може да влијае врз мислите, однесувањето, чувствата и чувство на благосостојба на една личност. Депресивните луѓе можат да се чувствуваат тажни, вознемирени, празни, безнадежни, загрижени, беспомошни, безвредни, виновни, раздразливи, повредени или преморени. Тие можат да го изгубат интересот за активностите кои некогаш им биле пријатни, го губат апетитот за јадење или се прејадуваат, имаат проблеми со концентрација, помнење на детали или донесување одлуки, и може да размислуваат, да се обидат или да извршат самоубиство. Прекумерно спиење, замор, губење на енергија, или заболувања, болка, или дигестивни проблеми, исто така, може да бидат присутни.

Депресивното расположение не секогаш е психијатриско нарушување. Тоа исто така може да биде нормална реакција на одредени животни настани, симптом на некои здравствени состојби, или пропратен ефект на некои лекови или медицински третмани. Депресивното расположение исто така е основна или поврзана одлика на одредени психијатриски синдроми како што е клиничка депресија.

Што да избегнувате кога ќе ви дојдат депресивни мисли и чувства:

Избегнувајте неактивност, негативни мисли, изолација од социјалниот живот, лоша исхрана, лоши навики за спиење….

Што да практикувате за да ви поминат депресивните мисли?

Читајте Библија или некои други поучни книги кои ќе го смират вашиот нервен систем и ќе ви дадат надеж и сила да продолжите напред во животот.

Молете се – Молитвата има исцелувачка моќ од многу болести, психички и физички – таа ве поврзува со Најголемиот Лекар на овој свет – Бог, нашиот Создател.

Вежбајте – Редовното вежбање ви помага да ја извадите негативната енергија и мисли. Ќе се чувствувате подобро, ви се лачи хормон на среќа кога вежбате и плус ќе изгледате подобро.

Разговарајте – Практикувајте да ги искажете вашите чувства, мисли и ставови со цел да ги испразните вашите акумулирани фрустрации и мисли кои ве оптоваруваат. Разговарајте со некој ваш пријател или пријателка со кои можете да споделите дел од вашите проблеми.

Создадете добри навики – Кога ви доаѓаат такви мисли пожелно е да правите корисни и креативни работи кои ќе ви помогнат да се организирате, да напредувате и да се чувствувате подобро. Уредувајте си го домот, шкафот, градината или бирото. Најдете начин да бидете зафатени со полезни и пријатни активности.

Јадете добра храна- Во зваисност од вашиот буџет создадете си стил на исхрана што е добар на изглед и добар за вашето тело. Погледнете на интернет колку многу убави идеи има за здрава исхрана која ќе ве наполни со добри нутритиенти и добра енергија.

Самите промени во навиките нема да ја излекуваат депресијата, но може да ви помогнат во процесот на заздравување.  Освен тоа, промените во животниот стил се одличен начин да ја преземете контролата врз вашето ментално здравје.