Ако живеете во заедница со свекор и свекрва, ова е за вас!

Ако живеете во заедница со свекор и свекрва, ова е за вас!

Една од најголемите одлуки што ги носиме во нашиот живот е – изборот на брачниот партнер. Од таа одлука зависат многу работи подоцна во животот. Навиките и карактерот на брачниот партнер подоцна ќе имаат големо влијание и во воспитувањето и карактерот на децата исто така. Кога ќе ја избереме љубовта на својот живот понекогаш може см езаслепени и не можеме дека таа доаѓа и во пакет со негативни карактерни црти а понекогаш во пакет со своето семејство во позитивна или негативна смисла.

Кога младиот брачен партнер ќе реши да живее заедно насамо е сосем различно отколку тие би живееле во заедница со неговото семејство. Тогаш нештата се менуваат. Доколку е привремен период е можеби помалку ризично з аопстојување на бракот но доколку тоа живеење во заедница се оддолжи на поголем период треба да внимавате на повеќе работи за да го сочувате својот брак и мир. Но, без оглед на тоа длаи сте на пократок или подолг период, секогаш бидете внимателни и подготвени со овие неколку чекори:

Кога сте нов брачен пар – потребно е време да се навикнете на вашиот партнер и тој на вас. Времето на адаптација е нормален процес и нема потреба да го забрзувате, едноставно бидете вклучени активно во него. Во тој период не инсистирајте д аго промените целосно вашиот партнер/ка и да го адаптирате на вашите навики и стил на живеење. Балансирајте и нека преовладуваат подобрите навики кој ги практикува.

Кога сте нов брачен пар и сте во заедница со свекор и свекрва – не заборавајте дека тоа се негова мајка и татко кои до вчера се грижеле за партнерот/ката и не може наеднаш да се одвикне од таа грижа нивна. Но исто така постепено укажувајте дека сега вие стве свое семејство и треба д адонесувате заедно и сами одлуки во животот. Бидете отворени за совети, не бидете во одбранбен став веднаш, но сепак со своите аргументи образложете го својот став за новонастаната ситуација и нов начин на живот кој сега го имате. Балансирајте на почетокот но не оставајте така да остане. Вие сте тие што ќе живеете заедно до крајот на животот и треба уште на самиот почеток д анаучите да функционирате како брачна двојка – тим кој функционира самостојн ои добро заедно.

Покажете љубов и разбирање кон неговото/нејзиното семејство. Бидете секогаш учтиви, љубезни и полни со разбирање. Развивајте добар однос со неговото/нејзиното смејество секогаш. Тие се грижеле за него/неа и сега заслужуваат само почит и внимание. Ништо помалку.

Доколку наидете на лош однос од нивна страна , укажете му на својот брачен партнер на убав и љубезен начин за да не се чувствува повредено или нападнато. Укажете и продолжете да бидете љубезни и учтиви и понатаму.

Доколку лошиот однос продолжува укажете му на вашиот брачен другар дека треба да се преземат некои чекори и ли акции со цел да нема непочитување на брачниот партнер и со цел да се зачува мирот во семјеството. Кога има проблеми реагирајте одма, не оставајте под тепих ништо за подоцна. Тоа може да ве чини многу.

Борете се секогаш за вашата љубов за вашето семејство. Борете се со молитва, добар однос и добри и промислени постапки. Никогаш не преземајте негативни чекори, лаги, интриги и манипулација. Тој пат никаде не води. На тој начин ни Бог не може да ви помогне и да ве заштити. Одбирајте ги мудро вашите битки.

Секогаш трудете се да го правите најдоброто за вас, вашето потесно и пошироко семејство, а другото оставете го на Бог.

Ќе ве води и благослови.