Торта од афион со бело чоколадо – комбинација која ќе ве освои!

Торта од афион со бело чоколадо – комбинација која ќе ве освои!

Рецепт: 200 гр мелен афион, 200 гр шеќер, 1 ванилин шеќер, 2 лаж/ гриз, 500 мл млеко, 150 гр путер, 300 гр мелени бисквити

Гванаш: 50 мл шлаг, 100 гр бело чоколадо

Подготовка: Афионот, шеќерот, ванилиниот, гризот и млекото варете ги на среден оган со повремено мешање околу 10 минути. Кога ќе с езгусне тргнете го од огинот и додадете го путерот мешајќи додека не се растопи. Во смесата ставете го мелениот кекс и притиснете го во калап за торти околу 20см и ставете го во замрзнувач.

Растопете го белото чоколадо со шлагот на тивок оган со постојано мешање и распоредете го врз тортата и украсете по желба.

Рецепт:Драгана Поповиќ, Суботица