Ако често имате анксиозни напади, тогаш ова е  за вас!

Ако често имате анксиозни напади, тогаш ова е  за вас!

Што е анксиозност?

Чувство на општа возбуденост, нејасен страв без очигледен надворешен повод, голем стрес и загриженост. Беспокојството се пројавува преку повеќе физички и психички симптоми што се доживуваат како многу непријатни, а често се јавува во комбинација со други болести, особено со депресија. Според некои процени, дури 10 % од населението страда од некој облик на беспокојство.

Анксиозност е чувството што ве обзема кога сте загрижени или уплашени за нешто. Тоа е природно чувство на страв или паника кај луѓето. По едно такво доживување, вообичаено се смируваме и се чувствуваме подобро.

Загриженост или страв од мал размер може да ни помогне да останеме безбедни и да се заштитиме од опасност. Меѓутоа, анксиозноста понекогаш може да не направи да се чувствуваме дека работите се полоши отколку што навистина се и чувството може да е неиздржливо. Постојаната загриженост може да доведе до пролонгирана анксиозност.

Сите луѓе различно ја доживуваат анксиозноста. Нормално е во иста ситуација да се чувствувате повеќе или помалку анксиозни од останатите луѓе.

Бог сака да ви помогне ако се наоѓате во една таква фаза од животот. Тој во Библијата ни оставил прекрасни стихови кои многу ќе ни помогнат да се справиме и да ја надминеме анксиозноста. Еве неколку од нив:

 “И така, не грижете се за утрешниот ден, зашто утрешниот ден ќе се грижи за себеси. Доста му е на секој ден неговото зло.”. – Матеј 6,34

 “Зашто Бог не ни даде дух на страшливост, туку дух на сила, љубов и себевладеење. “ 2 Тимотеј 1,7

“Биди силен и биди храбар? „Не бој се и не плаши се, зашто каде и да тргнеш, со тебе е Господ, твојот Бог.” Исус Навин 1,9

„Господ ми е помошник, нема да се плашам, што може да ми направи човек?” – Евреите 13,6

“За ништо не грижете се, туку во сѐ преку молитва и молба со благодарност изнесувајте ги пред Бога своите барања, и мирот Божји, …“- Филипјаните 4,6

„Сите свои грижи фрлете ги на него, зашто тој се грижи за вас“.  – 1 Петрово 5,7

“Ви оставам мир, ви го давам Мојот мир. Не ви го давам како што го дава светот. Нека не се вознемирува вашето срце и нека не се бои“. – Јован 14,27

 ”Затоа ви велам: не грижете се за својата душа, што ќе јадете или што ќе пиете; ниту за своето тело, што ќе облечете“. – Матеј 6,25

“Сѐ можам преку Исус Христос, Кој ме крепи.“ Филипјаните 4,13