Ако избегнувате бело брашно и глутен, тогаш овој вкусен протеински леб е за вас!

Ако избегнувате бело брашно и глутен, тогаш овој вкусен протеински леб е за вас!

Белковини (или протеини, од грч. протеос = првобитен) — важни органски соединенија  на клетката и организмот  кои се застапени во најголем процент (10-20%) од вкупната тежина или 50% во сува маса. Покрај тоа што ја сочинуваат главната маса на протоплазмата  од клетката, тие се и главен дел во молекуларната организација на клетката.

Протеините се еден од трите есенцијални макронутриенти, што значи мораме да ги внесуваме преку исхраната.

Всушност, нашето тело е ,,машина” за продуцирање на протеини со најразлични функции. 

За вас имаме прекрасен и вкусен леб богат со протеини кој нема да ве поправи, туку напротив, добро ќе ве нахрани и ќе ви помогне во изградбата на мускулната маса.

Рецепт:

Потребно
1 шолја црвена леќа
1/4 шолја вода
2 лажици маслиново масло
1 лажичка пециво
1 лажица сок од лимон
Сол


Подготовка:
Се кисне црвената леќа во вода неколку часа.Се цеди од водата се мие и се става во чашката од блендер,се додава вода ,маслото и се блендира додека не се добие хомогена мазна смеса.Се истура смесата во длабок сад ,се додава солта, пецивото и лимонот , се меша се остава 15тина минути и се става во калап за леб обложен со мрсна хартија. Одозгора се наросуваат семиња по желба.

Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 1 час.