Многу често кога некој пар ќе стапи во брак наидува на проблеми кои не постоеле претходно додека биле во врска. Биле среќни, заљубени, во добра комуникација и разбирање но со стапувањето во брак се се сменило. Една од повеќето причини е тоа што многу пати младоженецот се уште е поврзан со своето претходно потесно семејство наместо со сегашното.
Се обидува да направи рамнотежа и да им угоди и на обете страни но за жал на крајот се повредени и обете страни а најмногу тој.
Посебно се големи проблемите ако тие како нововенчан пар живеат во заедничка куќа или во заедница со неговите.
Многу проблеми и разводи би се избегнале кога уште на самиот почеток би с епоставиле работите онака како што е правилно и потребно во таа новонастаната ситуација.
Бог рекол: “Мажот и жената ќе се соединат и ќе станат едно тело.“
Ова начело од Библијата е добро да го знаат и практикуваат сите мажи и жени кога стапуваат во брак.
Мажот ќе го остави своето досегашно семејство и станува едно со својата жена – едно семејство!
Жената ќе го остави своето досегашно семејство и станува едно со својот маж – едно семејство!
Тие си формираат свое семејство, свој дом, свои финансии, свои деца и си имаат свои проблеми.
Во тој брак – света институција основана од Бог – не треба да се меша никој друг од ничија страна. Секој може да даде совет добронамерен, или да помогне ако е побарана помош, но не е потребно да има некакво влијание врз своето дете – без оглед дали е мажот или жената во прашање.

Она што Бог го споил – никој да не го разделува!!!
Кога сите би постапувале онака како што Бог одредил многу непријатни ситуации би се избегнале и не би настанале.