АКО ПРОФЕСОРОТ НЕ Е АВТОРИТЕТ ВО УЧИЛИШТЕТО, А РОДИТЕЛОТ ДОМА, ТОГАШ КАКВО Е ТОА ОПШТЕСТВО?

АКО ПРОФЕСОРОТ НЕ Е АВТОРИТЕТ ВО УЧИЛИШТЕТО, А РОДИТЕЛОТ  ДОМА, ТОГАШ КАКВО Е ТОА ОПШТЕСТВО?

Познатиот одбојкар и поранешен репрезентативец Владимир Вања Грбиќ, татко на четири деца и тренер кој со години работи со деца, во едно интервју за српските медиуми нагласи колку е важно да има добра комуникација меѓу родителите и наставниците, како и дека овие два авторитета не смеат да се уништуваат меѓусебно.

„Овој триаголник – каде што детето е на врвот. Еве го родителот, тука е наставникот – ова се нарекува педагошки триаголник. Оваа основа подолу е односот родител-наставник. Еден авторитет никогаш не смее да преиспитува друг. Никогаш. Затоа што ако ова падне, детето паѓа. Никогаш не си дадов за право да го коментирам лошо тренерот пред моите деца. Никогаш. Затоа што работи со моите деца. Како моите деца ќе одат на неговиот тренинг ако кажам нешто лошо? Нема да му веруваат за ништо“. – објасни Грбиќ.

Во друго интервју Вања истакна – „Авторитетот на наставниците е уништен до тој степен што не можат да укорат дете, да го кренат гласот, или што било друго. Колку снимки има од дете кое малтретира наставник“.

Успешниот спортист изјави дека ако наставникот не е авторитет во училиштето, а родителот во домот, „тогаш какво општество е тоа?“.