Да се биде во брак денес е голем благослов но и голем предизвик!
Бара пожртвуваност – но и од обете страни!
Бара несебичност – но од обете страни!
Бара љубов, внимание, почит, разбирање и толеранција од обете страни секако.
За жал, сведоци сме денес постојат многу разделби, разводи или општи недоразбирања во бракот наместо среќа, хармонија и многу љубов.
Страдаат обете страни, страадаат и децата за жал.

Во животот секој брачен пар наидува на некој проблем или предизвик во животот – но најважно нешто е како излегува од таа ситуација – како победник или како губитник. Дали наоѓа решение или продлабочен конфликт. Нема брачен пар што немал несогласување нза некоја цел или ситуација, но најважно е да продолжи комуникацијата и разбирањето и понатаму. Еве неколку клучни чекори кои ќе ви помогнат доколку се наоѓате во несакана ситуација или имате проблем кој не можете да го надминете.
1. Не ставајте под тепих
Често се случува да замижиме за некои работи дека има проблем и сакајќи да го задржиме мирот, не разговараме. Но верувајте тоа е само моментален мир кој подоцна ќе го платите многу повеќе. Малите лисици го поткопуваат лозјето. Уште на малите пречки обидете се да разговарате и да изнајдете заедничко решение. Решавајќи ги малите работи ќе научите да ги решавате и поголемите пречки и проблеми кои ќе дојдат подоцна.
2. Не мислете дека секогаш вие сте во право
Најчесто кога разговараме често сакаме да се искажеме но и да ја ислушаме другата страна. Сменете ја таа пракса. И вашѕиот партнер/ка има свои стравови и недостатоци и сака да ви каже за да може полесно да с еноси со ваша помош. ПОонекогаш мислиме дека с ение сме во право а другата страна е виновна. Но дури и да етака, понекогаш оставете го партнерот д абиде во право. Не бидете своеглави и тврдоглави. Почитувањето на другата личност е од големо значење и сигурно ќе ви биде возвратено со поголема почит.
3.Комплименти и аргументи
Често кога има некоја дискусија и расправија секогаш сакаме да победиме со нашите аргументи, да бидеме посилни со нив, да ја победиме другата страна. Во бракот сте заедно, нема еден победник. Или двајцата победувате или двајцата губите. Обидете се да остварите меќусебно разбирање и комуникација со цел да решите нешто а не со цел да победите во разговорот. Многу бракови пропаѓаат бидејќи наместо комплименти се затрупуваат со аргументи. Сменете тактика. Давајте почесто комплименти за добрите работи кои ги прави вашиот партнер/ка и ќе видите дека ќе има подобри резултати.
4. Имајте романтични моменти и состаноци
Многу бракови со текот на времето ја губат страста на својата врска со тоа што повеќе не излегуваат сами на останоци. Секогаш се окупирани со обврски и деца и тоа ја задушува нивната врска. Пробајте да одвоите малку време само за вас. Не мора да биде тоа скапа вечера. Одберете некое место што не е скапо, или одете во природа заедно, ќе се воодушевите од промената на вашето расположение и врска. Освежете се со нави навики и заеднички моменти и ќе имате многу поуспешна врска.
5. Пари и само пари
Најчест проблем денес што го имаат многу луѓе се парите. Најмногу кавги има за пари. Да, тие се реална потреба за надмирување на повеќе потреби но не треба да бидат причина за ваш немир и проблеми. Убаво е кога обата партнера придонесуваат но често се случува да има само еден приход и да има недостиг на доволно средства и поради тоа и почести проблеми. Но, секогаш има решение. Секогаш планирајте го буџетот заедно и ставете си приоритети за трошење. Намалете некои трошоци кои се непотребни и одложете ги за понатаму. Има многу брачни партнери со помалку приход што постигнале многу повеќе од оние што имаат поголем приход. Понекогаш не едо приход, туку до начинот на трошење е. Видете како да ги намалите трошоците и како можете да заработите повеќе. Планирајќи и трудејќи ќе успеете да постигнете многу повеќе.
6. Помагајте си во обврските
Сите имаме обврски. но понекогаш некои имаат повеќе, а некои помалку и добро е да се помага во таков случај. Денес, жената е пооптоварена бидејќи таа оди и на работа и се грижи околу децата, куќата и и станува неиздржлив товар. Во таков случај добро е сопругот да и помага со останатите обврски. Така таа ќе биде посреќна, позадоволна и ќе има повеќе време за него. Доколку мажот има потешка или повеќечасовна работа добро е сопругата д аму помогне со некои негови обврски за и тој да почувствува олеснување од поголемите обврски. Товарите на семејството треба да ги носат обата партнера а не само едниот. Проблеми настануваат кога целиот товар е на едниот. Затоа подобро е да се избегне таква ситуација.
