Ако сакате преубави симит лебчиња, тогаш го имаме рецептот за вас!

Ако сакате преубави симит лебчиња, тогаш го имаме рецептот за вас!

Рецепт: Се меси меко тесто со 200 мл. топла вода, 200 мл.јогурт, 1 лажиче сол, 20 гр. свеж квасец претходно активиран . На крај од месењето се става 1 лажица зејтин и се продолжува со месење. Брашно не мерев. Тестото стасува и се дели на 8 дела од кои се формираат лебчиња во форма на симитки. Стасуваат уште 15 мин. во тавче врз хартија, се засекуваат со жилет, се премачкуваат со јогурт и се печат во загреана рерна. Откако ќе се извадат испечени се попрскуваат со рака со малку вода и се покриваат кратко со крпа. Стануваат меки како душа. Топло Ви ги препорачувам да ги направите.

Авторски права: Valentina Delimanceva Andreeva