Секој посакува да стапи во врска со идеален партнер кој ќе ја пружи сета љубов и внимание која се очекува да биде дадена. Секој бара разбирање, трпение, толеранција и добра комуникација. Но најчесто се наидува на спротивното.
Секој сака да прима љубов, но никој не сака да даде. Секојдневие во овој современ свет каде што многу млади луѓе се почесто се борат само за своите лични интереси но не и на интересите на другиот во врската.
Ако минатото било болно за вашиот партнер, ако тој или таа бил повреден/а и не се справил/а со тие емоции тоа ќе се одрази на вашата врска.
Ако вашиот партнер или партнерка имала родители со насилно или токсично однесување, ако биле родители кои не покажале доволно љубов тогаш вашиот партнер или партнерка ќе сака да го надомести тоа во вашата врска, па вие би станале нивен емотивен резервоар.
Ако вашиот партнер или партнерка не бара начин да наоѓате заедничко решение, не покажува доволно почит и вниамние, тогаш внимавајте тоа не е љубов, проблем е.
Ако вашата врска наликува на место за расправија и проблеми, тогаш внимавајте тоа не е љубов, тоа е судска парница.
