Ако сакате да ослабнете, тогаш обавезно прочитајте го ова!

Ако сакате да ослабнете, тогаш обавезно прочитајте го ова!

Со текот на времето од многу причини често качуваме телесна тежина од која после ни е многу тешко да се ослободиме. Но не треба да очајуваме и да застанеме тука. Ослабнувањето е процес кој бара малку повеќе труд и дисциплина, но е возможен и остварлив.

„Не треба да јадете помалку. Треба да се храните правилно“.

Да се ослабне брзо е сон на многумина, но поважно од тоа како да ослабнете брзо е како да ослабнете здраво!

Навистина, како да изгубите тежина на здрав начин треба да биде вашата примарна цел ако сакате да изгледате подобро и позадоволно на долг рок.

Отфрлете го белото брашно и белиот леб
Елиминирајте ги слатките и белиот шеќер

Постојат многу причини за отстранување на вишокот шеќер и слатки од исхраната, а најважните ги вклучуваат следново:

Шеќерот има високи калории и нема хранлива вредност
Додадениот шеќер може да влијае на зголемувањето на телесната тежина
Постои врска помеѓу слатки пијалоци и дијабетес тип 2
Шеќерот предизвикува расипување на забите и забрзан кариес
Исхраната богата со шеќер го зголемува ризикот од срцеви заболувања
Без разлика дали се работи за диета за слабеење или за слабеење без диета, многу експерти како лекари, нутриционисти и лични тренери се согласуваат дека внесот на дополнителен шеќер треба да се минимизира.

Исто така, проблемот настанува кога внесот на шеќер и ослободената енергија не се трошат за време на физичката активност.

Во таа ситуација, вашето тело нема друг избор освен да ги складира вишокот неискористени ресурси како маснотии.

За таа цел, како и за вашето целосно здравје и добра физичка кондиција, не изоставувајќи го и изгледот секако, потребно е да имате редовна физичка активност, два до три пати неделно, со што ќе потрошите вишокот калории што сте го внеле во текот на денот при тоа градејќи мускула маса потребна за вашето намалување на тежина и вашиот посакуван изглед.

Вклучете кардио вежби, трчање, орбитрек или пилатес, како и вежби со креве на тежина со тегови дали дома или во теретана како сакате и сте во можност.

Секогаш внимавајте на вашата исхрана, таа треба да биде претежно протенска, но не изоставувајте ги и јаглехидратите, овошјето, зеленчукот и јаткастите плодови потребни за вашата цел. Доколку јадете месо, препорачливи се пилешко месо, телешко месо,, риба, јајца, грчки јогурт и други слични намирници. Но, додека не јадете месо, ви препорачуваме да ги добиете вашите протеини преку консумирање киноа, мешинкасти плодови (грав,леќа)чиа семе, семе од тиква, тофу и сл.

За да ја постигнете вашата цел потребна е дисциплина и упорност. НЕ се откажувајте. Ништо добро не доаѓа така лесно. Резултатите можат да бидат видливи и по неколку месеци, но долгорочните резултати секкао ќе дојдат. Нема магична напивка, нема инстант диета и форма, само бидете упорни и постојано и ќе успеете.

Сакајте ја целта доволно силно и ќе успеете. Направете се што е во ваша моќ да ја постигнете. Купете здрави намирници, направете си план за вежбање, гледајте странивжци што ќе ве мотивираат за постигнување на вашата цел.

И запомнете, не успеал само оној кој се откажал.

Не се откажувајте и ќе успеете.