Ако имате проблеми со опаѓање на косата тогаш ова е за вас!

Ако имате проблеми со опаѓање на косата тогаш ова е за вас!

Секој еден понекогаш во животот има проблеми со опаѓање на косата.

Причините за опаѓање на косата се разновидни и индивидуални. Една од најчестите причини за губење на косата е наследниот фактор. Исто така и хормоналните промени и одредени болести, можат да предизвикаат привремено или трајно опаѓање на косата. Бременост, породување, менопауза, дисбаланс на тироидната жлезда, анорексија, дијабетес, полицистични јајници – сите овие состојби влијаат на промена на квалитетот на косата.Стресот и силниот емоционален шок, исто така, можат да предизвикаат алопеција, но за среќа само од привремен карактер без трајни последици по косата.На опаѓањето на косата влијае и недостаток на витамин Б12 и витамин Д. Витамин Б12 најмногу се наоѓа во месото, затоа обидете се да го консумирате барем еднаш неделно. Недостаток на витамин Д е предизвикан од недостаток на сонце. Но, дури и за овие витамини секогаш има додатоци во исхраната кои брзо ќе ги зголемат потребните количини.

pixabay

Еве неколку природни начини како може да и помогнете на косата повторно да биде бујна, здрава и сјајна:

Масло од рузмарин: Се користи и за нега на сува и оштетена коса, како и при постоење на првут или алопеција. Се мачка и масиpа коренот на косата разблажено или додадено во шампонот.Маслото од рузмарин може да го спречи опаѓањето и истенчувањето на косата. Ова природно масло има бројни придобивки за кожата, но може да направи чуда за растот на косата, сметаат експертите.Поради високите антиоксидантни, антиинфламаторни и антибактериски својства, рузмаринот е одлична природна состојка за растење на косата. Може да го најдете во аптека и да го нанесувате спрема даденото упатство на него.

Природни маски за коса:

Измешајте мед, лимон и јајце иу држете 40 мин и потоа измијте ја косата.

Измешајте четвртина чаша мед и четвртина чаша маслиново масло,смесите се сооединуваат и тоа да отстои на косата еден час пред да се миете коса

Природни сокови: Можете да го истриете скалпот со сок од лук, кромид или ѓумбир. Оставете да дејствува прекуноќ, а потоа измијте ја косата наутро.

Гледајте почесто да користите витамин Д, најдобро е да бидете изложени на сонце

Исхрана:Јадете храна богата со витамини А, Б-комплекс, Ц, Д и Е – кои се одлични против опаѓање на косата