Никогаш не жалете што сте добра личност – секогаш се исплаќа да бидете добри!!

Никогаш не жалете што сте добра личност – секогаш се исплаќа да бидете добри!!

Колку пати сте размислувале дали се исплати да се биде добар? Сигурно некогаш сте се запрашале дали секогаш се исплати да се биде добар, бидејќи добрите луѓе не се секогаш добро наградени. Често се случува вашите добри дела да останат незабележани. Многупати фрустрацијата и чувствата на немоќ го наоѓаат своето место во нашите тела и души кога другите луѓе не ги забележуваат нашите добри дела.

Наместо тоа, тие често се концентрираат на нашите недостатоци. Се чувствуваме особено погодени кога тоа се луѓето што најмногу ги сакаме или кога тоа се случува постојано. Меѓутоа, ако уживаме да се грижиме за другите и да правиме да се чувствуваат добро, не треба да престанеме да сакаме и да бидеме добри и љубезни само затоа што понекогаш поминува незабележано.

„Добрината е единствената инвестиција која никогаш не пропаѓа“. – Хенри Дејвид Торо

Најчесто очекуваме да го вратиме она што им го даваме на другите, како да е математичка равенка. Се храниме со мислата дека секогаш ќе го добиеме она што го заслужуваме, но всушност тоа не е секогаш така. Сите ние би сакале овој свет да биде „фер екосистем“ со јасни закони кои ни кажуваат што да очекуваме. Сепак, тоа едноставно не е така.

Кога си добар човек во неправеден свет, се соочуваш со фактот дека светот не е таков. Често луѓето ги ставаат сопствените интереси пред правдата и ја казнуваат добрината на другите, било намерно или ненамерно.

Но за жал, луѓето забораваат дека постои Бог кој на крај ќе ја изведе правдата на суд и скеој ќе си одговара за своите дела.

Бог уште сега во овој живот секогаш им помага на оние што искрено го бараат и се трудат да прават добри дела за Него и за луѓето. Но и после смртта тој им верувавечен живот на оние кои ја творат Неговата волја и веруваат во Него и Неговата жртва на крстот.

Добивката е двојна за оние кои го почитуваат Бог и на прашањето – Дали се исплати да бидеш добар? – Да с еисплати и повеќе од тоа!!!