Ја победи леукемијата и стана инспирација за многу болни од оваа болест!

Ја победи леукемијата и стана инспирација за многу болни од оваа болест!

Тијана Радовиќ од Братунца, БИХ, стана симбол на борбата за живот и во обединувањето на хумани луѓе кои го овозможина нејзиното лечење од лимфобластична леукемија во Болоња, каде што по скоро девет месеци доби отпустна листа со што е потврдено дека победила во тешката борба.

Нејзиниот татко Милосав на Фејсбук објавил дека е најсреќниот човек на светот и дека е благодарен на Бог и на сите хумани луѓе кои помогнале за нејзиното лечење во Болоња. Со помош на сите хумани луѓе таа успеа да собере 225 илјади евра потребни за нејзиното лечење во Болоња. На тој начин, се покажа солидарноста и емпатијата кај луѓето и оваа убава вест ги израдува сите што беа запознаени со нејзината борба. Тоа што таа излезе коко победник од оваа борба е надеж и инспирација за многу други болни луѓе кои страдаат од оваа болест.